Политика

Мерките на Мицкоски не ја стимулираат приватната и јавната потрошувачка, тврди Заев

Одговарајќи на прашање во интервју во Дневникот на телевизија Сител, лидерот на СДСМ, Зоран Заев зборуваше за предлог мерките кои ги понуди опозициската ВМРО-ДПМНЕ со цел полесно да се надмине економската криза во државата. Тој ја прокоментира мерката со откуп на благајничките записи.

„Прво мора да имате државни девизни резерви, затоа што ако ги немате нема никој да ви даде кредит, тие се своевидна гаранција, и ние таа гаранција ја даваме со потпис на министерот за финансии. Комерцијалните банки имаат запишано 400 милиони евра преку благајнички записи. Народната банка ако има потреба ќе ги откупи тие благајнички записи и ќе ги пушти кон банките за да ја зголеми ликвидноста, но банките имаат слободни пари и затоа ние не земаме кредити од домашните банки. Ако им се загрози функцијата на банките, тогаш ќе се примени оваа мерка со благајничките записи, но за тоа ќе каже гувернерката на Народната банка.“, прокоментира Заев.

Тој се осврна и на предлогот на Христијан Мицкоски дека платите треба да се намалат до 50 отсто од просечната плата, што би значело дека би изнесувала 12.500 денари, но дека со предлозите на СДСМ таму се одредува минимална плата од 14.500.

„Мицкоски предлага кратење, а кога ние предлагаме кратење не му се допаѓа. Истовремено, тој предлага државата да даде обрзници, да ги купат граѓаните кои имаат пари, но јас не се согласувам, и тоа што е ликвидно да сега треба да го црпиме, треба да го земеме како држава, а тие пари треба да флуктуираат да ги оставиме таму да се трошат. Ако ги исцедиме тогаш тие ќе се донесат во буџетот, а тоа е намалена потрошувачка кај граѓаните и затоа не се согласувам. Ние треба дома се што можеме да скратиме од јавната и приватната потрошувачка. Кога ги гледаме расходите и се што значи одлив кон надвор треба да го скратиме, се што значи пуштање дома – пуштај. Да можеме сега да отвориме уште четири до пет грандиозни, капитални проекти, би го направил тоа со 30 отсто аванас, со 70 отсто на државни обврзници, да им се плаќа на градежните компании за десет години, да можат државните обвзници да ги претвораат во пари, нешто како „Маршаловиот план“, вели тој.

Целта е, според него, да произведеме што повеќе пари насекаде, за стимулирање на приватната, но и на јавната потрошувачка.

– Јавната потрошувачка најчесто се поврзува со градежништвото, а градежништвото вклучува 70-тина гранки и дејности, и сето тоа не е нешто што јас сум го измислил, туку се меѓународни теории кои што даваат резултат.“, посочи Зеев за Сител.

Поврзани вести

Хан за МИА: Имам доверба во Борисов дека нема да стави вето

user3

Пендаровски: Општество во кое има простор за сите има повеќе шанси за успех

Влатко Зорба

ДОМ: Со новиот Правилник, построги казни за загадувачите

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори и средби, но нема да се лицитира со датуми за избори

Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус

Влатко Зорба

СДСМ: Домашна картичка ќе добијат и над 4.300 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19