Политика

Мицкоски очекува чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ (ВИДЕО)

„Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме да добиеме чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако ќе кажам оваа влада најмалку го заслужува, сепак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Се што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување на преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата која што ја предводи Зоран Заев“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва беше на средба со граѓани во Кисела Вода.

„Ние гледате внимаваме како се однесуваме целиот овој период, не само сега овие неколку дена, туку започнувајќи можеби од претседателските избори па наваму бидејќи свесни бевме дека некои политики нема да наидат на одобрување на јавноста имајќи ги во предвид на погрешните политики кои ги води Зоран Заев и оваа влада. Голем дел од јавноста очекуваше можеби и поагресивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум свесен за сето тоа. Но, во тој момент државниот интерес и она кое што се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓу решение ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување на преговори со Европската унија“, посочува Мицкоски.

Поврзани вести

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Го овластуваме Мицкоски да преговара во обидот за составување на Влада

Груби: Нема промена на изборниот модел

Влатко Зорба

Заев : Градиме квалитетни младински политики и вложуваме во човечкиот капитал

Влатко Зорба

Бесими: Приоритет е побрзо враќање до солиден економски раст, достоинствени плати и создавање нови работни

Влатко Зорба

Заев на Мицкоски му ги подари знамињата на НАТО и ЕУ и програмата на СДСМ со негов потпис

Мицкоски: Сакам да верувам во конструктивноста на Заев, но поради неговото досегашно однесување имам сомнеж

Александар Тодески