Политика

Мицкоски од Струмица: Порано се жалеа дека имало „сваровски судство“, а денеска имаме „луј витон судство“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – проблеми, решенија и програма“ вечерва од Струмица порача дека по следните предвремени парламентарни избори ќе пристигнеле како победници и ќе побарале отчет и одговорност за сето тоа што се случувало изминативе години.

Претседателот на најголемата опозициска партија потенцираше дека заедно со народот нема да дозволат никаков постизборен инженеринг на наредните избори и дека власта не исполнила ништо од ветувањата.

-Порано велеа и се жалеа дека имало „сваровски судство“, а денеска како судство имаме-„куфер судство“, „луј витон судство“, за такво ли судство се боревме? Тоа ли беше целта на „нема правда-нема мир“, за да можеме да ги полниме сопствените џебови со арам пари од граѓаните. Зата ли се бореа луѓето? Затоа ли ги лажаа луѓето да шараат и да уништуваат државен имот, да кодошат и да пишуваат депеши по странство само за да може да се завалат во кожните фотелји, за да можат да ги газат тие дебели персиски килими во Владата и попатно да ја распродаваат и она малку гордост и достоинство што остана по потпишувањето на разно-разни договори, се разбира најмногу од се да пљачкаат, праша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Поврзани вести

Жбогар за изборите: Сите партии сакаат тие да се одржат во јули

Коневски кон Мицкоски: Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата

Јовановски: Државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство, а тие пари ќе завршат

Влатко Зорба

ЛДП со стратешка анализа и стратегија за политичкото делување

Влатко Зорба

Османи: ИВЗ ќе имплементираат сет мерки по отворањето на џамиите

Чулев оставри близок контакт со странски државјани на скопскиот аеродром, ќе оди ли во самоизолација?

Влатко Зорба