Политика

Мицкоски: За нас нема алтернатива освен полноправно членство во рамките на ЕУ

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната трилатерална средба во Охрид за т.н „Мал Шенген“.

– И во минатото кажавме, и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори, смета Мицкоски.

Тој рече дека нема информација какви се одлуките и што се разговарало, но призна дека за време на нивната последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски побарал објаснување.

– Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување, а камо ли за некакви суштини. Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес – конференции и од она што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски.

Поврзани вести

ЕК предлага изземање на Западниот Балкан од рестрикциите на ЕУ за извоз на заштитна медицинска опрема

Влатко Зорба

Димовски: Нема преговори помеѓу ССМ и ОРМ за да не се исплати К-15

Влатко Зорба

Да се инвестирало во изминатите 15 години доволно во образованието, денеска овие проблеми немаше да ги имаме, рече Царовска

Влатко Зорба

Заев во Софија: „Отвораме ново поглавје во развојот на регионот“

Влатко Зорба

Организаторот на протестот за поддршка на полицајците на СВР Битола бара „ќотек и багер за ѓупското – чергарско племе“

Влатко Зорба

Хависто: Финска како претседавач со ЕУ очекува одлука за преговори

user4