Политика

Мицотакис: Исходот од Самитот не е добар за Балканот

Резултатот беше таков што не ни дозволи да донесеме одлука и ова не е добро ни за Балканот ни за Грција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме“, jави дописничката на МИА од Атина.

-Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Сметам дека ова не е добро. И сметам дека не е добро и за општата стабилност на Балканот, бидејќи треба да се задржи отворена европската перспектива на Западен Балкан за да може да постои поголема стабилност и економски просперитет во регионот. Сметам дека не е добро ни за Грција, бидејќи главното оружје што Грција го има во свои раце за да се справи со прашањата што ги има со двете земји се однесува на европската перспектива, рече Мицотакис.

Поврзани вести

Заев: Издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба

Влатко Зорба

Димитров: Нам ни требаат македонскиот јазик и идентитет, околу таа работа не може да се преговара

Влатко Зорба

Димитров: Ќе биде многу тешко да им кажеме на граѓаните – „ние не успеавме овој пат, ќе успееме 11-тиот пат“

Влатко Зорба

Заев: Не се откажуваме од една изборна единица

Влатко Зорба

Митрески: Граѓаните носат битна одлука дали сакаат да продолжат да живеат во слобода или сакаат да се вратат во режим

Спасовски: За секоја „бомба“ мора да се постапи без оглед за кого се работи

Влатко Зорба