Политика

Михајловска: Нападите кон жена се израз на немоќ и страв од пораз на хибридниот режим (ВИДЕО)

Тамара Михајловска, кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна едицина, која се појавува во еден од предизборните спотови на партијата, денеска на прес-конференција пред партиското седиште се пожали на говор на омраза против неа.

Откако се појавила во спотот вели дека била цел на оранизирани напади, за што ја обвини владејачката СДСМ.

„Сексизмот, навредите и говорот на омраза организирани од СДСМ, упатени кон мене го покажува понижувачкиот однос на Зоран Заев и СДСМ кон жените и женските права. Македонија ја направија држава каде е срамно да се појавиш во спот, а не е срамно да рекетираш пари. Каде е срамно да ја кажеш вистината, а не е срамно да соработуваш со криминалци. Токму затоа, многу млади луѓе си одат од земјата, а јас после ова сум уште похрабра, поодлучна да го дадам својот придонес кон оваа недемократска и ненародна власт која ги потценува и деградира жените. Веднаш откако излезе видеото, во кое се појавувам јас, СДСМ излезе со организиран напад против мене како жена, со крајно вулгарен и недоличен речник, сакајќи да ме дискридитираат. Нападите кон жена се израз на немоќ и страв од пораз на хибридниот режим. Сликата која е полна со сексизам, говор на омраза и навреди, за жал е одраз на власта во заминување. Понижувачкиот однос кон жената е срамно дело на Зоран Заев и навреда за сите жени во државата “, вели Михајловска.

Поврзани вести

Започнува процесот на разгледување на поделбата на одговорностите во идната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ

Влатко Зорба

МЗ: Се бара механизам за кофинансираните специјализанти

Влатко Зорба

Филипче: Капацитетот на вработени во здравството низ цела држава е зголемен за најмалку 10 проценти

Влатко Зорба

Царовска одговара на незгодни прашања (ВИДЕО)

Влатко Зорба

На следниот состанок на Европскиот Совет да се определи датум за преговори со С. Македонија

user3

Мицкоски од Шапка: 12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија

Влатко Зорба