Политика

Милевски: Крајно време е да се закажат изборите, 5 јули е прифатлив датум

Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ изборите да се одржат на 5 јули, изјави денеска министерот за локална самоуправа и претседател на Либерално-демократската партија, Горан Милевски.

– Ја поддржуваме иницијативата на ДУИ парламентарните избори да се одржат на 5 јули. Мислиме дека е крајно време да се закаже датумот за изборите, бидејќи, како што може да се забележи, кризата го намалува влијанието, но во догледно време нема целосно да се укине: не може да чекаме да нема ниту еден заболен, зашто не знаеме кога ќе биде. Ние мора да ги одржиме изборите, зашто проектите се закочени. Конкретно, ние во локалната самоуправа ја започнавме децентрализацијата која запре со распишувањето избори и изборот на техничката влада, која пак, не може да носи политички одлуки. Мора да го деблокираме процесот за да продолжат реформите во државата – изјави Милевски при денешната посета на Прилеп.

Тој воедно истакна дека во Министерството за локална самоуправа е закочен Законот за рамномерен регионален развој и децентрализацијата, многу битен за општините, а оттука и за граѓаните.

– За нас е прифатлив 5 јули ако тоа е компромисниот датум и сметам дека ова прашање поголемите политички партии треба веќе да го разрешат за да не се создава некоја вештачка политичка криза. Гледаме, и во Хрватска се закажани изборите, дури имаат собири и средби. Треба да водиме грижа, да се придржуваме на мерките од Комисијата за заразни болести, да донесеме протокол за изборите за да се заштити здравјето на граѓаните – наведе Милевски.

Поврзани вести

Аврамопулос: Северна Македонија не побарала финансиска помош за градење кампови за мигранти и бегалци

Влатко Зорба

Колев: Манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам само ќе ни ја загорчи реалноста

Влатко Зорба

Мисајловски од Куманово: Сите бизнисмени да ја погледнат нашата програма, бидејќи во секој сектор нудиме добри решенија

Дескоска: Судовите продолжуваат со работа со превземање на сите мерки за претпазливост за заштита од корона вирусот

Влатко Зорба

Шекеринска за изборите: Државата не треба да функционира со половични институции пред новиот бран на епидемијата

Берта Китинска

Васев: Откако одекна вистината втор ден Мицкоски се крие