Политика

Министерство за култура: Дo МНТ не било најавено присуството на „Шверцерите“

Во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се вели во реакцијата на Министерството на култура.

Таа доаѓа откако во петокот вечерта во зградата на Македонскиот народен театар навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ прослави 30 годишен јубилеј.

Јавноста реагираше за тоа кој дозволил навивачка група да прославува годишнина во театар.

– Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за прославата

На „гала свеченоста“ биле присутни и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, на бината биле поздравени поранешните македонски репрезентативци Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Поврзани вести

Пленарната седница за Буџетот на 16 декември

Влатко Зорба

Маричиќ: Се планира до април 2021 година да бидат усвоени измените во Изборниот законик што се однесуваат на отворените листи

Александар Петровски

Агенција Европа: Париз „не е оптимист“ за старт на преговори со Северна Македонија

Влатко Зорба

Во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена

Влатко Зорба

Честитка од Ахмети за новизбраниот претседател на САД

Влатко Зорба

Зајакнати дипломатски активности во претстојниот период за надминување на разликите со Бугарија

Берта Китинска