Политика

Мицкоски исклучи осум пратеници, а потоа ги молел да не гласаат за Законот за ЈО

Снимките кои се појавија денеска на Интернет и на кои наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откриваат за неговиот однос кон независните пратеници кои беа исклучени од партијата. Во тој период на јавноста и членството на ВМРО-ДПМНЕ, осумте пратеници беа претставени како предавници и затоа за нив нема место во партијата.

Сепак, се чини дека Мицкоски го користел тоа како аргумент пред членовите и граѓаните, а во позадина се одвивале други проццеси. Од снимките може да се слушне дека тој имал тајни средби со исклучените пратеници и ги убедувал да не гласаат за Законот за јавно обвинителство. Во убедувањето, Мицкоски користи фрази дека власта ќе уценувала, ќе притискала ако се донесе законот.

Јавноста со право аргументира дека аудио снимките се потврда за дволичната игра на Мицкоски, односно пред членството да глуми патриот и да исклучува од партијата наводни предавници, а во позадина тајно преговара со истите предавници да му помогнат нему и на партијата.

Се поставува прашањето зошто Мицкоски се среќавал со овие пратеници? Ако може да се суди според аудио снимките кои ги слушнавме претходно, тогаш може да се претпостави дека тоа било за заштита на своите и интересите на неговите блиски соработници,меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Во нив се слуша како тие му давале пари на Мицкоски, за да успее да ја одржи во живот партијата, кои патем не се никаде пријавени. Токму заради тие пари, со кои Мицкоски успеал да плати комунални долгови на партијата, но и автобуси за митинзи, се доаѓа до заклучок дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сакал да им помогне на Камчев и Мијалков со тоа што ќе лобира да не се донесе Законот за јавно обвинтиелство, за тајните финансиери да не одговараат за криминал во делото „Империја“.

Мицкоски тоа и го правел, лобирал, па дури и кај пратениците кои ги нарекуваше предавници, но на крајот Законот за јавното обвинителство беше донесен и неговите планови се изјаловија.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Корупцијата е печатот на владеењето на Заев

user3

На следниот состанок на Европскиот Совет да се определи датум за преговори со С. Македонија

user3

Џафери: Пратениците не може да се вратат во Собранието, зашто го вратија мандатот

Шахпаска: Не сме виделе лидер на опозиција што има страв да се соочи со својот народ

Зајкова: Очекувам едногласна поддршка за Законот за субвенциониран студентски оброк

Влатко Зорба

Рамадани: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не беа на ниво на задачата

Влатко Зорба