Политика

Мицкоски: Никаков одговор од официјалните власти за изјавата на Захариева

„Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на изјавата на првиот бугарски дипломат.

„Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.

Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!“, додава Мицкоски.

Бугарија не го оспорува правото на Република Северна Македонија на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Ние сме подготвени да ја потврдиме сегашната реалност, но тие треба да ја признаат историската вистина.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за Ројтерс.

-Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на РСМ кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши, додаде таа.

Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок. Но, тоа може да стави вето на официјалниот почеток на пристапните разговори со Северна Македонија следниот месец, ако двете страни не можат да го решат прашањето

Поврзани вести

Чолош и Ќучук: Северна Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите со ЕУ

Александар Петровски

Заев: Северна Македонија се менува кон подобро – овде може да се живее добро (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Гир: Се надеваме што е можност поскоро да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

Александар Петровски

Локвенец: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со „ситно политиканство“ и да го поддржат Законот за одбрана

Нуредини-Димитров: Зајакнување на контролата на прекуграничното движење на отпадот

Седници на седум собраниски комисии

Stefanija Kuzmanovska