Политика

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата (ВИДЕО)

„Пред неколку дена најавивме дека ќе поднесеме уредба со законска сила со која ќе овозможиме компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто трошоците за плата по вработен, односно највеќе до 27 илјади по вработен или последно исплатената просечна нето месечна плата за декември месец 2019-та година. И оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Иако уредбата беше прописно доставена преку нашиот министер, технички министер за внатрешни работи г. Наќе Чулев. Техничкиот премиер Оливер Спасовски не ни дозволил да биде ставена на дневен ред на влада за да биде разгледана и да се отвори дискусија за истата. Со тоа владата ги лишува од директна помош компаниите и вработените за субвенција до 50 проценти за бруто плата по вработен или парична помош најмногу до 27 илјади денари по вработен. Со тоа директно за месеците март, април и мај во стопанството државата ќе инјектираше повеќе од 350 милиони евра“, тврди Мицкоски.

Поврзани вести

„Ле Поен“: Франција го пушта Балканот низ вода

Влатко Зорба

Шекеринска: Ако се залагаме за членство во НАТО, неопходно е прво да се донесе законот за одбрана

Влатко Зорба

Одземање патни исправи и куќен притвор за Ременски и Јовановски

user3

Усвоена предлог одлука за прераспределба на буџетски средства за субвенции за инвертери

Влатко Зорба

СДСМ: Во борбата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна

Анкета на National Democratic Institute: Довербата на граѓаните во СДСМ континуирано расте

Берта Китинска