Политика

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број нови имиња, свежи кадри и врвни индивидуи

„ВМРО-ДПМНЕ излегува на овие избори со огромен број нови имиња, свежи кадри и врвни индивидуи кои се обединуваат околу нашата мисија за обнова на Македонија. Идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица досега, докажани индивидуи. ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите. Над 95 проценти се луѓе кои првпат ќе бидат дел од листата која што ќе ги опфати кандидатите за пратеници. На сцена даваме шанса на нова генерација која мора да се избори за подобра иднина“, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и воедно им се заблагодари на досегашните пратеници.

Мицкоски нагласи дека врз основа на сите истражувања и дебати одбрале луѓе кои во овој момент Централниот комитет мисли дека ќе ја донесат историски најголемата победа на следните предвремени парламентарни избори.

– Сите оние пратеници коишто во минатото дадоа несебичен придонес, се жртвуваа и себеси во овие три години неправда која што ја донесе Зоран Заев јас им се заблагодарив и на овој прес. Повеќе од 95 проценти од луѓето на овие листи се луѓе кои првпат се наоѓаат на листите за пратеници наспроти листите што вчера видовме каде што имаме лица коишто се по 15, 20 па и повеќе години во политиката, коишто по неколку пати во неуспешни во рамките на Парламентот, коишто по неколкупати извршувале високи државни функции неуспешно. Ние сме тие коиш мора да се разликуваме и коишто секогаш како ВМРО-ДПМНЕ имаме обврска кон граѓаните во оваа држава да понудиме нови лица кои имаат амбиција и кои сакаат да победат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, партијата оди на сигурна победа.

– Нашата победа е обнова која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, повеќе принципи, повеќе работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, повеќе ред, повеќе сигурност и повеќе насмевки и верба дека ќе успееме, рече Мицкоски, соопштувајќи ги одделно сите кандидати за пратеници.

Како што информираше Мицкоски, и покрај препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, засега не планираат да ги одложат партиските активности за утре на кои треба да потпишат договор со коалициските партии и да ги промовираат кандидатите за пратеници на партиска конвенција затоа што бројноста на присутните ќе била во рамки на дозволеното.

Поврзани вести

Спасовски: Во Арачиново инфраструктурните проекти се реализираат во континутитет

Заев очекува од Мишел одговори дали паралелно ќе се одлучува и за преговори и за новата методологија

Влатко Зорба

Организаторите на денешниот протест пред Собранието се скараа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

СДСМ со ДУИ разговара за влада што ќе ги почитува трите договори, ќе има ли брзо договор?

Берта Китинска

Независна пратеничка група: Не очекувавме дека Мицкоски може да кочи закони за да штити криминал поради личен интерес

СДСМ: Лицата од неформалната економија кои се без приходи ќе добијат по 7000 денари

Берта Китинска