Политика

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи „Викенд без ДДВ“ од 10 до 12 октомври

„Сега ќе мораат овие мерки преку закони да дојдат во Собрание, завршена е вонредната состојба и ќе мора да гласаат пратениците“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Топ тема“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври.

„Ние ако би биле на нивно место, ќе го одржиме ветувањето пред изборите и ќе предложиме четири викенди без ДДВ. Ако ние правиме ребаланс на буџетот ќе примениме кратења. Убеден сум дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе достави поинаков пристап“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде ако се направи анализа на тоа што се случуваше во претходните три пакет мерки се доаѓа до заклучок дека од ветените 550 милиони евра до овој момент се испорачани нешто повеќе од 196 милиони евра.

„Вчера слушавме дека практично една милијарда евра е помошта, но тоа е она само што е кажано, а помошта во суштина на дело е многу помала“, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Заев: Најбогатите на своите плеќи најмногу треба да понесат во оваа кризна состојба

Народната банка и Државниот завод за статистика ќе го одбележат Денот на европската статистика

Влатко Зорба

„Талир“ одложен за 5 ноември

Влатко Зорба

Собранието со мнозинство гласови го донесе Законот за стратешки инвестиции

Заев по Нова година планира неформална средба со Борисов

Влатко Зорба

Османи: Министерството за финансии инсистираше да се отворат обложувалниците