Политика

Мицкоски заедно со пратеничката група се упати кон вилата на Водно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратеничката група на партијата се упати кон резиденцијата на Водно за да побара средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за да му објасни како му е доделен мандатот на Зоран Заев без оформено мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денешното доделување на мандатот го искоментира како кршење на уставот во кој учесник е претседателот на државата

„Денес од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски беше прекршен Уставот. Без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова Влада на пратеникот Зоран Заев. Од тука, од овој момент не може никако поинаку да се опише оваа состојба освен дека мандатот е узурпиран. Би рекол киднапиран и во рацете на човек како Зоран Заев. Ова претставува продолжување на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и претседателот на државата“, рече Мицкоски на прес-конференција.

Поврзани вести

Николовски од Македонска Каменица: ВМРО-ДПМНЕ ги маргинализираше текстилните работници

Влатко Зорба

Усвоени измените на Законот за евиденциите од областа на трудот

Stefanija Kuzmanovska

Шкријељ: Горди сме на процесот на деинституционализација

Влатко Зорба

Социјалните мерки во фокусот на новата информативна видеосесија на Владата (ВО ЖИВО)

Влатко Зорба

Заев: Сега е важно сите да носиме маски, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме

Петров: Со картичките и ваучерите ја зголемуваме куповната моќ и домашната потрошувачка