Политика

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција соопшти дека утрово разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

– Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии и ме информираа дека се ставени во мораториуми сите активности на политичките партии, и тоа е добра порака дека за сите нас здравјето на грашаните и поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март, изјави на прес-конференција Спасовски.

Како што кажа, тој разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Зијдаин Села, на Беса Биљал Касами…

Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти.

Поврзани вести

Филипче: Има 4.000 тестови на располагање, 5.000 донација, а постапка има за 3.000 дополнителни тестови

Влатко Зорба

Изборната комисија на УКИМ не го прогласила Атанасов за кандидат за ректор

Влатко Зорба

Пендаровски: За да го победиме побрзо коронавирусот, треба против него да се бориме заеднички

Влатко Зорба

По НАТО нема поголем предизвик од членството во ЕУ, вели Димитров

Берта Китинска

Заев: Со членството во НАТО никој нема веќе да се осуди да ја дели, парчоса или нападне нашата држава

Поддршка од Италија за ЕУ и НАТО

Влатко Зорба