Политика

Муса: Ќе се повлечам од функцијата заменик министер за здравство за да ја расчистам оваа стапица

Заменик министерот за здравство, Асим Муса по скандалот со видео снимката одржа прес конференција во Владата на Северна Македонија, каде потенцираше дека се повлекува од функцијата со цел да го расчисти целиот случај.

„Повеќе од 23 години по ред сум на служба на граѓаните и општеството, не само на државата, туку и пошироко. со најголема чест и псоветеност не сум се поштедил ни себе ни моето семејство за да им излезам во пресрет на сите. Нажалост, мојот искрен обид да помогнам се претвори во стапица за спектакл за медиумите за да ја оштетат мојата фигура и професија. Јас ве информирам дека интервенцијата за странски пациенти кај нас кој не е осигуран е приватна и ги информирам за можниот износ на интервенцијата. Овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во било која форма. Посветеноста, професионалноста искреноста и скромноста наспроти медиумското дивеење не можат да надвладеат. Секој мој граѓанин кому сум му служел, секој пациент и секој мој соработник јасно знае дека ова е стапица, намерно да и се наштети на мојата лична, професионална и фамилијарна фигура. Нема да дозволам 23 години инвестиции во професионалноста да биде нарушени на ваков начин. Бомбастично со лажни наслови кои не се реални како што може да се види и во самата видео снимка. Имав чест да им служам на граѓаните на Северна Македонија и оваа работа сум ја вршел со голема посветеност. Оваа кредибилност изградена со години нема да дозволам да бидам ризкувана од политичка пропаганда. Ве известувам дека донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер за здравство и да ја расчистам оваа стапица. Јас ќе продолжам и понатаму да им служам на граѓаните и пошироко и тоа ќе го направам со искреност, скромност и посветеност“, рече Муса.

Поврзани вести

МЗ: За 2 години, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавното здравство

Влатко Зорба

Дендиас: Можеше да се постигне подобар договор со Северна Македонија

Влатко Зорба

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Влатко Зорба

Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе преразмилсат за својата одлука за преговорите со С.Македонија, вели Аврамопулос

Влатко Зорба

ДУИ го реизбра Ахмети за лидер на партијата

Никола Поповски

Обновата ќе започне кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира својата влада

Влатко Зорба