Политика

Над 20 отсто од вработените граѓани останале без своето работно место поради корона кризата

Секој петти вработен граѓанин во земјава останал без своето работно место како последица на економската криза предизвикана од епидемијата на корона, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според истражувањето, 12,1% од вкупниот број граѓани велат дека го загубиле работното место или пак добиле привремен отказ или суспензија поради кризата со коронавирусот. Од анкетираните 33,4% велат дека одат на работа исто како и пред кризата, 10,7% од граѓаните поради корона вирусот работат од дома, додека 2,5% немаат некои промени во статусот бидејќи и претходно работеле од дома.

-Останатите нешто над 40% се невработени и пензионери. Кога тие ќе се исклучат од истражувањето, анкетата покажува дека 20,6% од анкетираните вработени граѓани останале без работното место, додека 56,9% се уште одат на работа како и претходно. При тоа 18,2% од вработените анкетирани граѓани работат од дома, а за 4,3% вработени граѓани нема никакви промени бидејќи тие и пред кризата си работеле од дома, посочуваат резултатите.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.

Поврзани вести

Кузеска: Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО, па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок (ВИДЕО)

Села до Пендаровски: Граѓаните на оваа земја никогаш нема да се согласат со откажувањето од ЕУ

Предложени 17 амандмани за Резолуцијата на ЕП за Северна Македонија и Албанија

Влатко Зорба

Што предвидуваат одредбите за преодна влада?

user3

Пендаровски на средба со колегите од Финска, Кипар и Грузија во Израел

Stefanija Kuzmanovska

Анкета на НДИ: Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да победи на избори

Влатко Зорба