Политика

Наша цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство , вели Холштајн

Нашата цел е првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на нашето претседателство со Советот на Европската Унија и сме оптимистични дека тоа ќе се случи, изјави денеска за МИА германската амбасадорка Анке Холштајн.

Германската амбасадорка, која денеска имаше средба со министерот за здравство Венко Филипче, а потоа ја посетија Инфективната клиника во врска со германската донација на респиратори, одговори на прашањето да даде коментар на состојбите на добрососедство на Балканот, по меморандумот на Бугарија, но и изјави на високи бугарски претставници дека сега не е време за меѓувладина конференција.

-Јас неколку пати на оваа тема имам изјавувано дека став на Германија е дека билатералните прашања треба да се решаваат билетерално.Проширувањето на ЕУ сметам дека е и во голем интерес на Бугарија и затоа сум на мислење дека сигурно ќе се најде решение, вели Холштајн.

Бугарија, додава таа, отсекогаш била голем поддржувач на европеизацијата на регионот.

-Наша цел е таа конференција да се одржи уште во времето на нашето претседателство во Советот на ЕУ. И ние сме оптимистични и дека ќе се успее во тоа, истакна германската амбасадорка Холштајн.

Поврзани вести

Министерот Шаќири го запозна чешкиот амбасадор Томан со плановите за дигитализација и реформа на јавната администрација

Александар Петровски

Маричиќ за РСЕ: Го заслуживме датумот, одговорноста е на ЕУ (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Димитриевски за наводната кривична против него: Класична злоупотреба на инструментите на власта

Влатко Зорба

Димитров во работна посета на Брисел

Влатко Зорба

Васев: Мицкоски блефира, криминално стекнат имот не може да се донира (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ЛДП: Викенд без ДДВ е наш проект

Никола Поповски