Политика

Николовски: Дониравме 360 пакети со храна на кризните штабови во Св.Николе и Лозово за социјално загрозените семејства

„Дониравме 360 пакети со храна на кризните штабови во Св.Николе и Лозово – наменети за социјално загрозените семејства во овие населени места полесно да го поминат претстојниот период“, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Кризата е тест за секое општество, ги повикувам сите – да помогнеме каде што е потребно. Се надевам дека токму во овие тешки моменти ќе видиме многу хуманост и солидарност“, посочи тој.

Во текот на вчерашниот ден семејството на лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев со помош на волонтерите од општинскиот кризен штаб во Струмица подготвија 700 пакети со прехранбени продукти.

Овие пакети во соработката со општинските кризни штабови ќе бидат поделени во најпогодените градови Куманово и Дебар.

Претходно, за време на викендот, вакви пакети семејството Заеви подели и за нивните сограѓани во Струмица.

Поврзани вести

Царовска: Ако имаше некој што не ракоплескаше за влезот на државата во НАТО тоа беше Мицкоски

Николоски: Заев треба да поднесе оставка и да одиме на избори

Влатко Зорба

Маричиќ: Од позиција на членка на НАТО да разговараме за отвореното прашање со Бугарија

Влатко Зорба

Поддршка од Црна Гора за евроинтеграциите на нашата држава

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Согласен сум изборите да се на 8 јули

Помпео во Македонија носи јасна порака за Москва, Брисел, но и Скопје

user4