Политика

Николовски: Пред нас имаме нови цели во однос на напредокот на државата

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во обраќањето на 25-тиот Конгрес на партијата најави дека со новиот Статут се предвидуваат и организациите на СДСМ во другите држави, кои ќе учествуваат во работата на партијата преку свои делегати и ќе добијат официјално и статутарно признание за нивната долгогодишна несебична помош и нивниот третман во партијата.

„СДСМ за прв пат воведе мониторинг систем врз работата на Општинските организации и мерит систем. Тоа ќе го надградиме. Реализација на дадените задачи од страна на централата на СДСМ, по предвидениот Фиксен месечен календар кои општинските организации преку претседателот го следат и реализираат. Нашата цел е зголемена ефикасност и мобилност на партијата која ќе овозможи континуитет во работата на партијата, исполнување на програмите и ветеното како и присутност помеѓу граѓаните“, порача Николовски.

Во обраќањето, генералниот секретар Николовски се осврна и на целите на идното работење на партијата.

„Пред нас имаме нови цели во однос на напредокот на државата но и во однос на работата на партијата. Време е да ја зголемиме динамиката на работа во СДСМ на сите нивоа. Партијата да работи со полна пареа, соодветно на одговорноста што ја има добиено од граѓаните. Заедно, можеме да постигнеме се. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро! Ве повикувам заедно да продолжиме по патот кој го трасиравме, по вистинскиот пат. Не само затоа што можеме уште повеќе и уште подобро! Пред се, затоа што сакаме!, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Поврзани вести

Клучните почетоци на сите постапки во борбата против криминалот и корупцијата треба да почнат од Јавното обвинителство

Влатко Зорба

Ќучук: Добрососедството е составен дел од преговорите на ЕУ со Северна Македонија

Берта Китинска

Петровиќ: Од влезот во НАТО на Црна Гора до сега обемот на инвестиции изнесува 1,3 милијарди евра

Александар Петровски

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се рекламира и во изборен молк

Влатко Зорба

Мицкоски-Вархеји: ВМРО-ДПМНЕ има план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата

МЗ: Лабораториите работат со зголемен капацитет и со доволен број тестови

Влатко Зорба