Политика

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси од криминалот ги блокираше сите закони

„Ние сме генерација политичари која храбро и одговорно се зафати да го реши тоа што никој досега не го решил, за да не губиме време. Затоа што оваа земја нема време за да губи повеќе генерации. Затоа храбро ги донесовме сите одлуки. За само две и пол години од раб на граѓанска војна и крв во Собранието, стигнавме да седиме на иста маса со Америка, Германија, Франција и најголемите светски сили. Денеска ви давам збор нашето мото ќе биде да ги вратиме Македонците тука на Истокот, а да извезуваме макаедонски производи. Тоа ќе го постигнеме затоа што го вративме достоинството, затоа што за младите обезбедуваме преспектива, затоа што отвораме нови работни места“, порача Љупчо Николовски, генераен секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од синоќешната трибина во Делчево.

Тој потсети дека во 2016 година кога СДСМ бараше доверба од граѓаните со конкретни проекти, Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев одеа низ Истoчниот регион и ги лажеа и манипулираа граѓаните дека ќе има кантонизација, федерализација.

„Ништо нема од тоа, освен реализација на конкретни мерки, враќање на парите кај граѓаните. Укинување на радиодифузната такса, решавање на проблемите на стечајците, покачување на минималната плата и на просечната плата, раст платите во сите други сектори, раст на пензиите. Тие ниту се радуваа кога се креваше македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ниту аплаудираше Мицкоски кога станавме членки на НАТО. Две и пол години сакаат да не туркаат назад. За да се спасат од криминалот и за да не одговараат. Ги блокираа сите закони, гласаа против зголемувањето на минималната плата. Од мизерни 9.000 денари покажавме дека може да биде 14,500 денари. Го штитиме работникот, правата на работниците се светост“, рече Николовски.

Поврзани вести

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже, да учи што значи вистиснка грижа за пензионерите

Влатко Зорба

Забрчанец го потсети Котевски како обезбедувањето на Груевски ги бркаше снимателите на ТВ21 да им ги избришат снимките

Влатко Зорба

Милан Јазбец: Северна Македонија заслужува почеток на преговорите сега, денес, во овој момент

user3

СДСМ: Чулев се става над истрагата, МВР нема утврдено кога е направена снимката со Мицкоски во фитнес центарот

Берта Китинска

Пендаровски: Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Димитров: За три години државата ја исправивме на нозе