Политика

Николовски за веста на Канал 5: Медиумската слобода да не се користи за ширење лажни вести

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја демантираше веста на Канал 5 во која се вели дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери, и дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Имам почит кон телевизија Канал5 и кон останатите медиуми кои успешно функционираат на и онака тешкиот медиумски пазар во државата.

Сепак, разбирајќи ги проблемите со кои се среќаваат сите медиумски професионалци, замолувам за малку поголема свест при пренесувањето наполно неточни информации.

Јас и #СДСМ стоиме на располагање за изјави, прашања и коментари, тоа медиумите многу добро го знаат, заврши времето на нарачки, закани и насилство кон медиумите. Медиумската слобода е тука, но нека се користи на прав начин и за добро, не за ширење лажни вести за кликови и рејтинг.

За подобро утре на сите нас, да бидеме сите малку попрофесионални во своите дејности“, вели Николовски во демантот.

Поврзани вести

Пратениците изгласаа покачување на платите во јавната администрација

Влатко Зорба

Владата ги прифаќа сите 7 првични барања на „Марш за чист воздух“ и ја реафирмираше поканата за средба

Влатко Зорба

СДСМ: Нема да дозволиме пропаднатиот спортист Мицкоски да ги попречи демократските процеси

Влатко Зорба

Заев кон Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ги преспа сите важни прашања за иднината на државата

Јанушев: Законот за ЈО треба да се донесе пред изборите

Никола Поповски

Богојески: Најголем патриотизам ќе биде да се обезбеди леб за секој граѓанин на есен