Политика

НСДП ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за деструктивно однесување за време на кризата

„Во овие тешки моменти пред кои сме исправени како општество и држава како резултат на пандемијата на корона вирусот, императивно станува политичките партии во своето секојдневно однесување и истапување во јавност да покажат одговорност и конструктивност, како и доверба во мерките кои надлежните институции ги спроведуваат за нејзино сузбивање. Овие два елементи се најзначајните компоненти за успешно справување и надминување на кризата. Граѓаните и институциите се наоѓаат во ситуација која бара солидарност, разбирање и взаемна помош. Секоја политичка партија, секој актер на политичката сцена, има висока социјална одговорност да пронајде можност и начин да им помогне на граѓаните и државата“, соопштуваат од НСДП.

„Наместо препознавање на суштинското значање на овие работи, некои политички партии продолжуваат со своето неодговорно и недржавничко однесување, делувајќи деструктивно, често пати и со елементи на кривично дело. Овде предначи ВМРО-ДПМНЕ, која конечно сфати дека битката на следните парламентарни избори нема да се води на теми поврзани со НАТО, ЕУ или пак промената на името на државата, туку фокусот ќе биде на начинот со кој институциите се справуваат со овој „непријател“, кој не ја поштеди и нашата држава, притоа заканувајќи се да остави катастрофални последици врз целокупното општество.

Како што многу добронамерни компании и граѓани во овие моменти покажуваат висока социјална солидарност и преку свои донации даваат конкретен допринос за ублажување на последиците, ВМРО-ДПМНЕ како најбогата политичка партија во Европа, со имот вреден над 60 милиони евра, може да го следи нивниот пример и да насочи дел од своето богатство за набавка на опрема која е неопходна на здравствените институции во овие моменти. Доколку се искрени во своите декларативни намери, им стои на располагање и конкретна можност да пренасочат дел од десетиците милиони евра кои ги однесе нивниот почесен претседател во Будимпешта и истите да се искористат за ублажување на економските последици.

Ова е прво и последно обраќање во јавноста на НСДП додека трае вонредната состојба. Пристојноста налага доколку не сте во можност да помогнете да молчите“, се додава во соопштението.

Поврзани вести

СДСМ ќе го одржи 25. Конгрес, прв дигитален

Земјоделството е сектор кој што има најголем напредок, смета Бертолини

Влатко Зорба

Османи: Коалицијата СДСМ – Беса би можело да го загрози принципот на Бадентер

Влатко Зорба

СДСМ: Најголемата болка на Мицкоски е што парите завршуваат кај граѓаните

Александар Петровски

На почетокот на јануари обвинение за „Рекет 2“

Влатко Зорба

Трајковски: Како е можно да се споредува политиката на Заев со онаа на Груевски?

Влатко Зорба