Политика

Обединета македонска дијаспора бара одлагање на изборите

Обединета македонска дијаспора (ОМД) се приклучи на повиците за одлагање на предвремените парламентарни избори „поради коронавирусот и виталноста да се справиме со епидемијата“, но упати и критики до ДИК поради јавно споделување на лични податоци на речиси осум илјади иселеници при регистрацијата за гласање во странство.

Како што денеска соопштиja, „одлагање на изборите сепак не е изговор за ДИК да ги загрозува правата на македонските граѓани надвор од Македонија, изнесувајќи ги нивните лични податоци на јавен увид на веб-страницата на ДИК, што е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци и регулациите на ЕУ.

Од ОМД истакнуваат дека за ова се информирани ОБСЕ и ОДИХР, а од претседателот Стево Пендаровски и другите лидери на земјата се бара да ја повикаат ДИК да ги отстрани личните податоци на сите 7.535 пријави од нивната веб-страница.

Организацијата наведе дека ќе поднесе кривична тужба против членовите на ДИК доколку ова не се случи,и дека е веќе испратена жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци.

ОМД повикува доколку изборите се одложат, досегашните прифатени пријави од македонските граѓани надвор од Македонија да не се поништуваат и да се воведенов рок за пријавување на останати.

– Нема причина да се трошат над 350,000 евра за да се спроведат избори надвор од Македонија. Предлагаме да се воведи електронско гласање како кај другите мали земји, на пример Естонија, и/или гласање преку пошта, повикуваат од организацијата.

Во врска со пописот во земјата, ОМД бара политичките партии да донесат конечна одлука да се спроведе попис на населението не подоцна од април 2021 година.

– Моментално во САД се спроведува попис на населението. Во време на коронавирус пописот се спроведува онлајн, преку електронска форма, телефонски или по пошта, наведуваат од организацијата на иселениците во Америка. ОМД, како национален партнер на Бирото за пописот на САД, стои на располагање на институциите на Македонија за организирањенапописот, се вели воденешното соопштение.

Поврзани вести

Османи: Европските интеграции нудат можност за долгорочен и стабилен развој

Stefanija Kuzmanovska

Владата ќе ја одржи третата седница

Никола Поповски

Ахмети: Време е за прв премиер Албанец во земјава

Александар Петровски

Владата најавува ефикасна и професионална јавна администрација, базирана на интензивна дигитализација

Влатко Зорба

СДСМ: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

Никола Поповски

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени од целиот свет

Влатко Зорба