Политика

Одбележување на 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, делегации од Кабинетот на шефот на државата денеска положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Цвеќе беше положено и на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица.

Поврзани вести

Манчевски: Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација

Влатко Зорба

Дебата за стратешките приоритети во одбраната и безбедноста по членството во НАТО

Влатко Зорба

Шекеринска: Неопходен ни е амбасадор во НАТО, за да покажеме дека го цениме членството

Влатко Зорба

Пратениците предвреме ќе го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО

Никола Поповски

Димитров: Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

Влатко Зорба

ДПА: Спуштањето на платите на администраторите на минимално ниво на плата е неприфатливо