Политика

Охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, ќе видиме каков ќе биде одѕивот, вели Брнс

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс изјави дека не може да се каже каков ќе биде одѕивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија, но се надева дека преземените заштитни мерки од страна на властите, како и донираната американска помош за обезбедување заштитни средства ќе ги охрабрат граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право на денот на изборите.

– Ќе треба да видиме каков ќе биде одѕивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, од одличната комуникација која е преземена од страна на Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина. Се надеваме дека тоа ќе биде ситуацијата на денот на изборите за кои гласањето веќе почна денеска и ќе треба да почекаме и да видиме. Но, да повторам, горди сме што можевме да помогнеме преку обезбедување на оваа опрема и се надеваме дека таа ќе помогне граѓаните да имаат доверба во овие дополнителни мерки, рече амбасадорката Брнс на новинарско прашање по доделувањето на донација за Државната изборна комисија која се состои од средства за дезинфекција и заштитни маски.

Поврзани вести

Шест пати повеќе прекршувања на работничките права од пријавеното кај инспекторите

Влатко Зорба

Димитров: Нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот

Влатко Зорба

Меркел на средба со Макрон, тема на разговор стартување на преговорите со Северна Македонија

Влатко Зорба

Тилив: Дел од Стратегијата на новата Европска комисија е започнување преговори со С. Македонија

user3

Арифи: ВМРО-ДПМНЕ не го гледам како партнер во новата влада

Легализација на дивоградби со плаќање казна

Влатко Зорба