Политика

ОЈО отвори предмет за ФБ статус објавен од лидер на политичка партија​

Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.

– Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Воедно, во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител го повика пријавеното лице да даде исказ во обвинителството.

Поврзани вести

Граѓанска трибина на Македонски концепт: Идејата е нормална држава, стана претешко да се живее нормално

Влатко Зорба

Зад протестите не се крие разнишувањето на власта туку позицијата на Мицкоски, вели Јовановиќ

Берта Китинска

Ратификувани акредитивите на македонската собраниска делегација во ПССЕ

Stefanija Kuzmanovska

Манчевски за StopKorona!: Не се користат лични податоци на граѓаните и нема геолокација

Влатко Зорба

Бесими-Коп: Продлабочување на соработката со Кралството Холандија

Александар Петровски

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип е 64 гласови

Влатко Зорба