Политика

Општина Карпош: Иако сите клучни забелешки на граѓаните беа прифатени, одредена група свесно мораше да измислува нови населби

„Веќе две години Општина Карпош воспостави нов принцип во носењето на деталните урбанистички планови. Од општина која беше жртва на урбаната мафија каде се носеа ДУП-ови по нејзин терк, денеска сме сведоци на отворен процес во кој граѓаните директно се вклучени при креирањето на политиките и развојот на Карпош“, соопштуваат денеска од Општината.

„На вчерашната закажана Јавна презентација граѓаните требаше да ги видат сите измени кои по нивно барање беа вметнати во Предлот ДУП-от Ј03 Блок 7, за потегот околу Трнодол, ако и само ако одредена група на граѓани, дозволеа одржување на истата презентација.
Вчера бевме сведоци на насилство и агресија, свесно направени, од политички и други побуди. Заканите, нападот на службено лице на Општина Карпош, уништувањето на инвентарот потсетија на едно минато време, кога ДУП-овите се носеа далеку од очите на јавноста.

Сепак, вчеравечер имаше и голем број на разумни и чесни граѓани, кои за жал беа изманипулирани и потпаднале под влијание на лажните информации. Не е точно дека градоначалникот Стефан Богоев јавно не зборувал за овој Предлог ДУП и бегал од граѓаните.

Жалиме што Записникот од одржаната средба меѓу засегнатите граѓани, службите и градоначалникот сега се смета за „лажен документ“, иако истиот е потпишан од присутните лица и се постигна согласност за сите суштински работи.

Иако сите клучни забелешки на граѓаните беа прифатени, одредена група свесно мораше да се измислува нови населби, и лажно да посочува дека Предлог ДУП-от се однесува за Жданец, што е целосна невистина.

Со цел да се избегнат лажните вести, уште минатата недела општинските служби и градоначалникот се сретнаа и на брифинг со новинари, а секојдневно ја продолжуваме комуникацијата со медиумските работници на оваа тема.

Целта на јавната презентација е стручните служби од Секторот за урбанизам и претставникот од планерската куќа, во детали, од стручен аспект да го објаснат Предлог ДУП-от, но и да одговорат на прашањата на сите заинтересирани граѓани.

Ништо нема да не поколеба да продолжиме со отвореноста на процесот. На веб страната на Карпош достапен е Предлог ДУП-от, со графички и текстуален дел (онака како што бараа граѓаните) и сите можат да се уверат во фактот дека предлозите поднесени од нив се веќе вметнати во Предлог ДУП-от.

Завршено е времето кога урбанистичките документи се криеја и истите беа носени за потребите на урбаната мафија“, додаваат од Карпош.

Поврзани вести

Во следните 30 дена ќе се поднесуваат барања за субвенции за поставување плински уреди во возилата

Влатко Зорба

Караванот на граѓански трибини ,,На прав пат” денеска во Куманово

Влатко Зорба

Сериозно треба да се разгледа мислењето на Венецијанската комисија, вели Дескоска

Никола Поповски

Спасовски: Солидарноста во Европа e темелот врз која се гради идејата за ЕУ

Заев: Коронависрусот не затече и жалам што светот нема доволно капацитети да се справи

Влатко Зорба

Спасовски-Столтенберг: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди на Северна Македонија