Политика

Османи: Очекуваме EK да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец

Содржината на Преговарачката рамка, како и содржината на претстојниот Извештај нa Комисијата за напредокот на земјава и соработката меѓу Европската Унија и Северна Македонија во справувањето со пандемијата и нејзините последици, беше во фокусот на разговорот што вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи го оствари преку видео-конференциска врска со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

– Претставува голем успех и за Унијата, и за Северна Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете во името на Владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат, и секако до вас, за упорноста и личниот ангажман во оваа насока, рече Османи на почетокот од разговорот.

Како што соопшти СЕП, тој изразил задоволство и од остварената соработка со Унијата во справувањето со пандемијата и вклучувањето на земјава во сите активности и политики на Унијата за оваа цел.

– Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, пак, заедно со Извештајот, ќе преставуваат објективен и мериторен приказ на состојбите во земјава, како и за потребите на земјата за остварување на суштински напредок кон членство во ЕУ, истакна Османи, притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели.

Османи додаде дека амбиција на земјава е оваа година да се одржи и Првата меѓувладина конференција и да го започнеме Билатералниот скрининг, со што, како што рече, Северна Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата.

Поврзани вести

Ангеловска за „МојДДВ“: Исплатени 21 милион денари на над 16 илјади граѓани

Влатко Зорба

Владата ќе ја одржи третата седница

Никола Поповски

СДСМ: Наќе Отсјај го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, да поднесе оставка

Заев за „Диво Насеље“: Ништо не може да ги надомести траумите низ коишто поминаа нашите сограѓани (ВИДЕО)

Коѕиас: Владата на Мицотакис го поткопува Договорот од Преспа

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК