Политика

Османи се заблагодари за принципиелните ставови што Австрија ги има за европската перспектива на земјава

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари видео средба со федералниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

Во таа прилика, соопшти МНР, Шаленберг му упати честитки за изборот на Османи и му посака многу успех во вршењето на новата должност.

– За нас, интересот на Австрија, како непосреден сосед на регионот на Западниот Балкан е од исклучително значење, а особено клучната улога која ја одигра Вашата земја за време на австриското претседавање со ЕУ, период кога земјава оствари сериозен исчекор во европските интеграции. И во оваа фаза од интеграцијата, сме благодарни за принципиелните ставови што ги имате за европската перспектива на земјата, истакна Османи, потенцирајќи на очекуваната поддршка од страна на Австрија за европските перспективи на Република Северна Македонија и во периодот кој претстои, особено во контекст на европската динамиката во процесот на проширување за време на германското претседателство.

Нашите очекувања од германското претседателство, посочи Османи, се високи и Владата активно работи на финализација на преговарачката структура, како клучна подготовка за квалитетен старт на преговорите оваа година.

За двајцата министри, како што се посочува во соопштението, продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион и неговата европска перспектива, воедно ќе се креира атмосфера за продлабочување на пријателските односи со соседите и интензивирање на регионалната соработка.

Османи го запозна Шаленберг и за очекувањата од амбициозната агенда на престојниот „Софиски самит“ во рамки на Берлинскиот процес, преку кои регионот ќе добие значајни и конкретни придобивки: Економската инвестициската програма за Западен Балкан на ЕК, новата генерација на регионалниот заеднички пазар, како и иницијативата за постигнување на регионален договор за слободно патување со лични карти. Соговорниците разменија мислења за миграциските прашања како и економската соработка и огромниот потенцијал за нејзино натамошно продалбочување, стои во соопштението.

Поврзани вести

Ангелов: Не можеме да им забраниме на Бугарите да го слават името на Гоце Делчев

Никола Поповски

Кој е новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ?

Никола Поповски

Остра реакција на Атанасов по соопштението на Трипуновски за нивната средба во АХВ

БЕСА: Направивме вистинска одлука што застанавме на вистинската страна

Пендаровски во официјална посета на Република Австрија

Влатко Зорба

Датумот за избори се уште неизвесен, вонредната состојба завршува в сабота