Политика

Османи утре во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите – членки на Унијата, а во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата, како што соопшти прес-службата на СЕП, Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција.

На средбата се очекува да бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата.

Поврзани вести

Јовановиќ: Мицкоски прави што сака и никој не може да го погледа попреку

Вице Заев: Ниту јас, ниту мојот брат имаме врска со „Рекет“

Влатко Зорба

Ангеловска: Каматите на кредитите не се простуваат никаде

Влатко Зорба

Шилегов позитивен на Ковид-19: Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому

Влатко Зорба

Ципрас: Се надевам дека ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка

user3

Заев – Јан Коп: Примарен фокус на новата влада предводена од СДСМ ќе бидат правдата и владеење на правото