Политика

Пендаровски по повод Рамазан бајрам: Да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаросвки, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, со желба празникот да го поминат во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.

-На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, се вели во честитката на претседателот на државата.

Тој истакна дека оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото.

-Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина, порача претседателот Пендаровски.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, се вели на крајот од честитката на шефот на државата.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици криминални случаи, а ниту една разврска

Влатко Зорба

Кичеец во нова „бомба“ со црногорски бизнисмен

Влатко Зорба

Зекири за пилотите од Арачиново: Исто како да веруваш дека Мицкоски некогаш ќе стане премиер

Влатко Зорба

Заев за загадувањето: Да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје

Влатко Зорба

Стоилковски: Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против коронавирусот

Османи – Вархеји: ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Влатко Зорба