Политика

Пендаровски: Турција воведе ембарго на извоз на респиратори, засега немаме решение за тој проблем

Во врска со најавените респиратори од Кина и набавката на други респиратори, претседателот на РСМ, Стево Пендаровски по седницата на СБ изјави дека таму постои проблем.

– Јас не чекав седница на Советот за безбедност, го знам проблемот од пред неколку недели. За жал, нашата пријателска Турција од непознати причини воведе ембарго на каков било извоз на респиратори иако тоа беше норвешка донација која практично беше пред самата реализација. Јас сум во комуникација дневна со кабинетот на турскиот претседател, се разбира и сите останати претставници од Владата по своја линија, до овој момент немаме решение за тој проблем. Јас се надевам дека ќе најдеме. Се разбира дека ќе продолжиме со дипломатските напори да се одблокира таа помош која за нас е голема иако можеби за Турција и за некоја друга поголема држава не е толку голема. За нас е значајна и се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај нашите турски партнери и пријатели, рече претседателот Пендаровски.

Денешната седница на Советот за безбедност се одржа во проширен состав. Претседателот Пендаровски на 18 март, на предлог на Владата прогласи 30-дневна вонредна состојба во државата заради поефикасно справување со коронавирусот, а во тој период Владата треба да поднесува извештаи за ефектите од донесените мерки за заштита против корона вирусот, преземените активности и планови за постапување во иднина.

Поврзани вести

Милошоски: Да се свика Собранието спротивно на одлуката за самораспуштање е политичкиот трик на на СДСМ

Влатко Зорба

Величковски: Покажавме слаб административен, слаб државнички капацитет и се следеа само мерките како што доаѓаа од соседството или во регионот

Законите за стечајците и за класифицирани информации пред пратенциите

Влатко Зорба

Џафери на средба со антикорупциска: Борбата против корупцијата е предуслов за правна држава

Заев: Ударот врз економијата е голем, но ќе успееме да ги заштитиме работниците

Берта Китинска

СДСМ: Груевски е нарачател на вчерашниот марш, Мицкоски го извршува тоа што ќе му го нареди шефот

Никола Поповски