Политика

Пендаровски во Белград на средба со Вучиќ

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Република Србија, каде што ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Пендаровски ќе има тет-а-тет средба со српскиот претседател Вучиќ во Палата Србија во Белград, по што ќе следува и пленарен состанок меѓу делегациите на Република Северна Македонија и на Република Србија.

Претседателот Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе има средба и со претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ и со претседателката на Народното собрание на Република Србија Маја Гојковиќ.

Во рамките на официјалната посета, Пендаровски ќе има средби и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија Марко Чадеж и со српски стопанственици.

Пендаровски утре во Нови Сад ќе учествува на 4. Регионален младински форум и ќе се обрати на претседателската панел-дискусија „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Поврзани вести

ТВ21 со реакција до СДСМ: Ги немаме ресурсите на СДСМ за да верификуваме идентитет на одредена личност во реално време

Влатко Зорба

Влада: Земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарни производи

Влатко Зорба

Средината на јули е добра основа за избори, вели Мицкоски

Заев за самитот Охрид: Договор за подобар Западен Балкан

Влатко Зорба

Кузмановска: Ѓорчев го кочи зголемувањето на пензиите

Влатко Зорба

Меркел ќе го убедува Макрон да не ја блокира Северна Македонија

Влатко Зорба