Политика

Петров со учество на „Македонски канабис форум“

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на покана на „Билка“ учествува на „Македонски канабис форум“.

– Нашето општество се менува, се демократизира. Не ги игнорираме важните теми, напротив, седнуваме и разговараме за нив. И ова се одлики на една модерна, европска земја. И на овој начин треба да седнеме и разговараме за сите теми што ги засега општеството и граѓаните, вели по тој повод Петров.

Легализацијата на марихуаната би можела да допринесе за развој на одредени сектори од економијата, порача премиерот Зоран Заев откако пред неколку дена повика да се отвори дебата за декриминализација и легализација.

„Дебатата за декриминализација и легализација на марихуаната ја гледам од еконмски аспкет заради развојот на услугите и угостителството во државата. Нашето угостителство и услужни дејности многу малку учевствуваат во БДП а едни вакви производи може да бидат една сериозна иницијална каписла за раст на БДП во услугите и во угостителството. Го гледате МВР по 100, 200, 300 кг фаќа марихуана ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во Закон.“

Заев ја повика стручната јавност стручната јавност да се произнесе а ги повика да се произнесат и политичките субјекти.

Поврзани вести

Пред влезот во Кабинетот на лидерите им се мереше температурата (ВИДЕО)

Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирус

Влатко Зорба

Лазарова: Матичните лекари и гинеколози од 1 октомври добиваат зголемување на бодот за капитација од 8 денари (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Захариева: Скопје не може да влезе во ЕУ, а да го слави Тито

Берта Китинска

Груевски: За пофалба е враќањето на рамниот данок

Влатко Зорба

Трајанов: Власта не смее во вакви ситуации да им се додворува на верските заедници