Политика

Петровска: Будно се следи состојбата на јужната граница

Министерството за внатрешни работи будно ја следи состојбата со можниот наплив на мигранти, истакна при посетата на СВР – Штип, заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, откако Турција се закани дека ќе ги отвори границите кон Европа за бегалците од Сирија.

– Ја следиме будно ситуацијата во Турција и согласно тоа ќе донесеме одлука за распоредување на дополнителни сили и од македонската полиција. Сега засега, во моментов освен овие најави посериозна закана немаме, но будно ја следиме, бидејќи сме свесни дека тоа може да биде проблем во државата, изјави Петрoвска.

Таа дополни дека во моментов на македонските полицајци на јужната граница им помагаат и колеги од странски држави.

Што се однесува на пасошката криза, Петрoвска нагласи дека првата пратка на пасоши се очекува да пристигне на 6 март, со што, како што рече, Министерството за внатрешни работи се враќа во нормална состојба со испораката на пасошите.

Прашана како ја коментира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека зад над дваесетте запалени автомобили во Штип стои мафијашка пресметка, Петревска со одговор дека со раководството на СВР – Штип денеска разговарала на оваа тема.

– Беа соопштени можности, сомнежи за тоа кој се потенцијалните сторители на овие кривични дела и не би сакала да дадам повеќе детали за да не им наштетам на колегите на истрагата, но од тоа што ме информираа навистина сериозно работат на расчистување на овие случаи, вели Петрoвска.

Заменик министерката за внатрешни работи Петревска денеска имаше средба со раководството на СВР – Штип, на која централана тема беа претстојните предвремени парламентарни избори и која е улогата на припадниците на МВР во спроведување на мирен и демократски изборен процес.

– Разговаравме и за тоа и сме сложни дека навистина полицијата треба да ги презема максимално сите мерки и да спречи каков било обид за злоупотреба на гласачкото право на граѓаните, да превенира и да спречи каква било форма на уцени и закани, кои би биле насочени кон гласачите, истакна Петрoвска.

Поврзани вести

Адвокатската комора ја отфрли дисциплинската постапка против Страшевски

Влатко Зорба

Славески: СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Нуредини се сретна со еврокомесарот Хан

Влатко Зорба

Тилив: Дел од Стратегијата на новата Европска комисија е започнување преговори со С. Македонија

user3

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар на иднината на земјата во 2019 година

Никола Поповски

Баша со честитки за членството во НАТО: Задоцнет процес, но заслужено достигнување

Влатко Зорба