Политика

Петровска: Италијанските власти реагираа кај Чулев за пробивањето на акцијата за кокаинот

Министерот Наќе Чулев доби предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно, вели дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во интервју за емисијата „360 степени“.

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, вели Петровска.

Според неа, најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, каде исто како и во земјава, била следена контролирана пратка на кокаин.

„И на крај, бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект ододносно она што италијанските власти очекувале дека ќе се случи“, вели дополнителната заменик-министерка во МВР.

Поврзани вести

Анѓушев дециден дека „мал шенген“ не може да биде замена за членство во ЕУ

user3

Исмаили се обрати на Јавна расправа за Охридскиот Регион

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Предлагаме осум мерки за решение на проблемите на угостителите (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ДИК гo објави конечниот распоред на мандати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА еден пратенички мандат

Никола Поповски

СДСМ: Граѓаните видоа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата опасност за нивното здравје и затоа ги казнија

СДСМ од денеска достапен и на албански јазик на Фејсбук