Политика

Петровска: Мнозинството вработени едвај чекаат да заврши „техничкото МВРО“

Влијанијата и однесувањата од „техничките“ кадри во МВР го покажаа старото лице на опозициската партија и токму затоа јавноста со право има впечаток дека се врати „МВРО-ВМРО“. Јас го тврдам тоа. Но клучната разлика од периодот на владеење на „МВРО-ВМРО“ и сега е што вработените во МВР ја прават разликата и ги препознаваат навиките на таквотото однесување. Мнозинството од нив едвај чекаат да заврши „техничкото МВРО“, вели воинтервју за Локално дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Според неа во мининистерството има професионалци, чесни и одговорни кои ги знаат и професионалните стандари и знаат како тие се применуваат, а се што треба е да се „ослободат од политичкото влијание“ и да им се дозволи тоа да го направат.

– За жал, во овој период на „техничко менаџирање“ ја немаа таа можност, вели таа.

Во однос на тоа дали во позадина на „опуштеното“ однесување на техничкиот министер Чулев за почитување на мерките, донесени поради кризата со коронавирусот, стои партиска агенда, заменичката министерка одговори потврдно и смета дека неговата несмасна изјава дека полицијата нема да казнува затоа што имал разбирање за психолошката состојба на граѓаните го направила своето.

За истрагите кои ги најави Чулев во кои наводно се инволвирани и носители на јавни функции во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата, Петровска вели дека во МВР има една појава на масовни анонимни пријави од загрижени вработени кои укажуваат за наводен криминал направен за време додека министер беше Оливер Спасовски.

– И случајно или не, тие стигнуваат во одредени временски интервали, се адресираат исклучиво до министерот Чулев, напишани се во ист формат, па дури во некои од нив се препишани и цели реченици од претходните анонимни пријави. И кога ќе ги ставите сите „анонимки“ на куп го препознавате сценариото, посочува таа.

Целото интервју на линкот подолу:

Интервју со Петровска: Јавноста со право има впечаток дека се врати „МВРО-ВМРО“

Поврзани вести

БЕГ денеска го пушта парното греење поради ниските температури

Влатко Зорба

Николовски прашува дали со Мицкоски седеле Ален Зекиров и поранешен шеф на УБК

Влатко Зорба

МЗ: Уништен е турски инсулин од стоковите резерви, нема нов тендер

Влатко Зорба

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март

Влатко Зорба

ДКСК: Со иницијативата за формирање синдикати на УКИМ и УКЛО, ректорите ги прекршиле начелата за законитост и интегритет

Влатко Зорба

Првиот премиер Албанец ќе се избере тука во Собранието, вели Ахмети