Политика

Петровска за Мицкоски: Пак ќе биде отсјај?

Лицемерие до бескрај. Еден ден “загрижен” претседател на партија, друг ден скриен “боемчија”. Кога е искрен Мицкоски? Пак ќе биде отсјај?, реагира заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Инспектори на Пазарниот инспекторат вечерва биле спречени да извршат надзор во затворени дел на угостителскиот објект “Винотека” на Боемска улица по што два ипол часа останале пред објектот.

Според информациите тоа било случај поради претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој седел во затворениот дел од угостителскиот објект додека инспекторите не можеле да влезат и да направат увид.

Според уредбата на Владата, рестораните можат да примаат гости само во отворените делови, односно терасите, но никако во внатрешните делови.

Според последните информации, припадници на Единицата за брзо распоредување – ЕБР, интервенираа во ресторанот на Боемска улица, бидејки се бришеле снимки од надзорните камери на кои се гледа дека угостителскиот објект работел во внатрешниот дел (спротивно на закон) а внатре бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Богдановиќ за просторот кај „Треска“: Ќе избереме најдобро решение кое е во интерес на граѓаните

Станишев: Одлуката за старт на преговорите е прашање на правда и кредибилитет

Влатко Зорба

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Влатко Зорба

Заев: Предвремени избори ќе има 45 дена пред редовните

user3

Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ стоеше на страна кога преговаравме со Бугарија, a сега зборува за решавање на проблеми

Заев: Барам одговорност за скандалот каде преку злоупотреба на полиција се спречи хуманата акција

Берта Китинска