Политика

По иницијатива на ДКСК, Уставен ќе решава за привилегиите на поранешните претседатели

На денешната седница Уставниот суд ќе решава за привилегиите на поранешните претседатели по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која бара парламентарно и уставносудско преиспитување на оправданоста на одредени законски решенија за привилегиите на поранешните претседатели.

Минатата година Антикорупциската комисија побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост. Според Комисијата, просториите на поранешниот претседател се избрани во нетранспарентна постапка.

По престанок на функцијата претседател, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу тројца соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Законот предвидува и да учествува на државни свечености и манифестации редоследно по претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд.

Во случај на смрт на претседателот за време на мандатот, пензијата намалена за 30 отсто ја користат неговиот брачен другар и неговите малолетни деца до завршување на редовното школување, односно до наполнети 26 години возраст. Исто така имаат право на месечен паричен надоместок кој е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот и ова право брачниот другар го користи трајно.

Од поранешните претседатели, Бранко Црвенковски има доживотна претседателска пензија и кабинет. Семејството на загинатиот претседател Борис Трајковски, неговата сопруга Вилма и децата имаат други права предвидени со Законот.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски при стапувањето на функцијата најави дека по заминувањето од должноста ќе се откаже од привилегиите што му следуваат по закон – користење на канцеларии со соработници и доживотна претседателска пензија.

Според Уставот и законот, доживотните привилегии еден поранешен претседател може да ги загуби само ако бил разрешен со импичмент или ако Уставниот суд констатирал за време на мандатот дека претседателот има деловна неспособност.

Поврзани вести

Конгресменот Прајс за одбивањето на преговори: Не сакам да ја видам Северна Македонија како поминува низ сето ова

user4

Шилегов за изборите: Кој ќе гарантира дека ќе имаме подобра здравствена состојба во септември?

Влатко Зорба

Мицкоски мандатар нема да биде никогаш, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара избори во ек на пандемија без да размислува за здравјето на граѓаните

Одлуката за старт на преговори со Северна Македонија се префрла кај Самитот на ЕУ

user4

Шест членки на ЕУ согласни за нова методологија, но Северна Македонија и Албанија да добијат преговори во март

Влатко Зорба