Политика

Помпео: На 30 март пред седиштето на НАТО ќе се вее македонското знаме

САД денеска од Република Северна Македонија го примија инструментот за пристапување во НАТО, со што Северна Македонија стана 30. сојузничка на НАТО, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во соопштението се вели дека знамето на земјата за прв пат ќе започне да се вее пред седиштето на НАТО на 30 март.

– Како што кажа и претседателот Доналд Трамп, Алијансата веќе 70 години е заштитник на меѓународниот мир и безбедноста. Влезот на Северна Македонија во НАТО претставува врв на напорите правени во текот на многу години од Владата и народот на Северна Македонија за членство во Алијансата, нагласи Помпео.

Се додава дека членството на нашата земја во НАТО ќе доведе до подобра интеграција, демократски реформи, безбедност и стабилност во целиот регион.

– Членството на Северна Македонија исто така потврдува дека останува отворена вратата и за сите други аспиранти, кои сакаат и можат да ги остварат неопходните реформи потребни за достигање на високите стандарди на НАТО, како и да ги прифатат одговорностите и бенефициите од членството, истакна тој.

Додека НАТО вели добредојде на 30. членка, ние остануваме посветени на колективната одбрана според Членот 5, камен темелник на трансатлантската алијанса, се вели во денешното соопштение од американскиот Стејт депармтент.

Поврзани вести

Руската амбасада: Современата македонистика во Русија има своја историја уште од далечната 1948 година

Поддршка од Италија за ЕУ и НАТО

Влатко Зорба

Би-Би-Си: Искусни ЕУ дипломати гневни поради блокадата на Северна Македонија

Влатко Зорба

Дескоска: Праведно е да се отворат преговорите – од заробена, станавме држава со чиста препорака

Влатко Зорба

Радев: Заштитата на воздушниот простор на Северна Македонија е национален долг на Бугарија

Влатко Зорба

Милошоски: Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии

Влатко Зорба