Политика

Помпео: Убеден сум дека Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид изјави увереност дека Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна.

Помпео го поздрави, како што наведе, историскиот Договор од Преспа, како и Спогодбата за добрососедство со Бугарија. Изрази благодарност за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на САД.

– Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото, а борбата против корупцијата е од клучна важност како за членството во НАТО и ЕУ, така и за вашите граѓанит, изјави Помпео.

Тој изрази задоволство што неговата посета на земјава се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија.

– Растежот на нашиот дипломатски тим го одразува и развојот на нашето стратешко партнерство, ние соработуваме за безбедна и суверена Европа, истакна Помпео.

Поврзани вести

ДС: Итни оставки од членовите на Уставниот суд

Влатко Зорба

Димитров: С.Македонија ќе добие 69 милиони евра од ЕУ за справување со коронавирусот

Влатко Зорба

Османи: ИВЗ ќе имплементираат сет мерки по отворањето на џамиите

Заев: Акцијата за чистење да биде поттик да ја подигнеме нашата еко свест

Влатко Зорба

Филипче со поддршка за Велковски: Водиме максимална грижа за здравјето на нашите деца

Влатко Зорба

Анкета на НДИ: Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да победи на избори

Влатко Зорба