Политика

Помпео: Влезот на С. Македонија во НАТО ја зајакнува „колосално“ Алијансата

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска уште еднаш и и честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО.

На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“.

-Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација, истакна Помпео.

Денешната прес-конференција на Помпео беше целосно посветена на опасноста од ширењето на коронавирусот во САД и напорите што ги прави Стејт департментот за репатријација на Американците од загрозените подрачја насекеда низ светот.

Поврзани вести

Владата на Груевски за 7 години им дала 25 милиони евра на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ

Влатко Зорба

Дендиас во посета на Скопје: Доаѓам во земја сојузник на Грција во НАТО

Пендаровски во Белград на средба со Вучиќ

Влатко Зорба

Калеска -Ванчева: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од своите позиции во советите на АВМУ и НТВ

Влатко Зорба

Заев пак ќе биде носител на листа во 4 ИЕ, Мицкоски се уште не решил дали ќе се кандидира за пратеник

Никола Поповски

Мас во среда доаѓа во Скопје

Влатко Зорба