Политика

Потврдена одлуката за почеток на преговори со С.Македонија

На редовниот самит на Европската Унија вечерва европските лидери ја потврдија одлуката за отворање на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија.

Европските лидери состанокот го одржаа онлајн, а главна тема беше коронавирусот.

„Ги прифаќаме заклучоците на Советот од 25 март 2020 за проширувањето и процесот на асоцијација и стабилизација“, се вели во соопштението од денешниот самит на лидерите на ЕУ.

Веста ја потврди и Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на Твитер, кој додаде дека ќе се почне со работата на преговарачката рамка, додека реформите во двете земји продолжуваат.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ која е претседавач со Советот на ЕУ вечерва на Твитер напиша дека се задоволни од потврдата за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Тоа покажува дека ЕУ останува насочена на своите приоритети во тешки околности“, сподели Пленковиќ.

Поврзани вести

Заев: Им се кине срцето на некои луѓе заради тоа што ќе добиеме датум за почеток на преговорите после 15 години (ВИДЕО)

Влатко Зорба

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 11 годишното владеење остави цунами во јавното здравство

Никола Поповски

Заев: Вложувањето во пелагонискиот регион ќе продолжи со уште поголем интензитет (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Протестот на земјоделците помина со присуство на членови на ВМРО-ДПМНЕ

user3

Османи утре во вонредна посета на Луксембург и Брисел

Влатко Зорба

Спасовски: Треба да го вратиме мандатот кај граѓаните и од граѓаните да побараме да ја донесат одлуката која е само во нивни раце

Никола Поповски