Политика

Предмет „Таргет-Тврдина“: Заев и Црвенковски биле најприслушувани

Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“.

– Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште.

Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал за незаконското следење на комуникациите, Заев рече дека првпат слушнал за тоа кога станал претседател на СДСМ во јуни 2013 година.

Кажа дека претседател на Комисијата за безбедност на партијата во тој период бил Зоран Верушевски.

– После примопредавање на функцијата логично како претседател одржав информативни состаноци со сите комисии. Претседателот на Комисијата за безбедност Зоран Верушевски целосно ме запозна со делокругот на таа комисија, согласно делот на добивање информации за потребите на партијата. Во тој сегмент бев информиран дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, изјави Заев.

Посочи дека документите и материјалите биле и во пишана и во аудио форма.

– Претседателот на комисијата, Верушевски, ме запоза на кој начин и како ги добива партијата овие материјали, рече Заев.

Прашан дали ги познава Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, Заев рече дека во тој период кога бил запознаен со документите и материјалите не ги познавал ниту Костовски, ниту Лазаревски.

– Единствено што ме интересираше е дали тие материјали доаѓаат од институции на државата или од надвор. Дека доаѓаат од институции на државата, тоа можев да го видам од презентацијата на материјалите и документите во владеење на СДСМ, рече Заев.

Прашан што констатирал од тие материјали, Заев рече дека од согледувањето увидел дека се прави масовно следење.

– Дека тоа се прави надвор од пропишаниот законски пропис, односно надвор од судска наредба и посебни истражни мерки и дека масовноста на прислушувањето според моја проценка опфатила над 20 илјади граѓани, посочи Заев.

Најчест таргет, рече премиерот Заев биле опозицијата и високите претставници на опозициската СДСМ и тоа јасно е видливо по обем споредено со другите.

– После опозицијата според мене беа новинарите, па експерти, а на исто ниво негде беа и претставници на НВО, но и деловни луѓе на државата, верски претставници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време. Јасно се гледаше и дека подолго време биле ставени и високи претставници на скоро сите албански политички партии, изјави Заев.

 

Прашан дали и тој бил меѓу прислушуваните Заев рече „да, веројатно како најзастапен од СДСМ, веднаш после Црвенковски“, посочувајќи дека тоа било во обем од илјадници разговори и смс пораки.

Заев рече дека од тоа со што располага СДСМ, се прислушувало во периодот од 2008 до 2014 година. Тоа, додава се правело во МВР и УБК.

Судскиот процес за „Таргет Тврдина“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Поврзани вести

Костадинов: Важно е избори да се одржат во првиот можен рок (ВИДЕО)

СДСМ: Мицкоски се определи за Груевски по секоја цена, најавата за бришење на функцијата почесен претседател е уште еден блеф

Влатко Зорба

Мицкоски смета дека Заев ги манипулира пензионерите (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Вархеји утре доаѓа во Скопје

Управниот суд на јавна седница ќе расправа по тужбите на партиите за изборите

Заев: Од заробена држава денес сме светол пример во регионот