Политика

Преку видео конференција ќе се одржи самитот на ЕУ на кој се очекува почеток на преговорите

Шефовите на држави и влади за прв пат немаат да отпатуваат во Брисел за редовен Европски Совет, соопштија претседателот Шарл Мишел.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, одлучено е самитот на 26 и 27 март да се одржи виртуелно, во вид на видеоконференција поради кризата со коронавирусот.

Откако се засили пандемијата на европскиот континент повеќето министерски средби во ЕУ се одржаа преку видео конференција исто така.

Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци на амбасадорско ниво укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.

Согласност даде и Холандија неодамна за Албанија, со што се деблокира прашањето на европско ниво. Но, се очекува Северна Македонија да добие меѓувладина конференција пред Албанија, со што де факто би се нагласила разликата во подготвеноста на двете земји.

Поврзани вести

Заев – Задорожњук: Развој на билатералните односи и ефективна трговска и економска соработка

Александар Петровски

Џафери: Приоритет е во Деловникот да се допрецизира кога Собранието е конституирано

Заев: Првата работа со која ќе се справи новата Влада ќе биде комплетно прочистување на правосудството

Ковачевски: Ги отфрлам обвинувањата на министерот Чулев бидејќи се неосновани

Влатко Зорба

СДСМ: Целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари

Влатко Зорба

Грција работи на постигнување најдобар можен резултат за С.Македонија на следниот Самит на ЕУ

Влатко Зорба