Политика

Рамчиловиќ кон Пепиќ: Бошњаците со нивниот глас на изборите ви покажаа каде ви е местото

Екс потпретседателот на Собранието, Зеќир Рамчиловиќ, реагираше по повод изјавата на Авдија Пепиќ кој рече дека тезата “едно општество за сите” важи само за избори и изборна кампања кога на СДСМ му се потребни гласовите на Бошњаците.

„Лицемерно е вие господине Пепиќ да кажувате дека е скандалозно што во составот на заменици министри нема ниту еден претставник од Бошњаците. Вие во три мандата бевте на власт, веројатно поради личниот интерес никогаш не се изборивте за бошњак во Влада, а ВМРО ДПМНЕ никогаш во својот владин состав немаше ниту еден Бошњак.Горд сум што изминатиот мандат во соработка со СДСМ имавме Заменик министер и технички министер во Владата од бошњачката заедница, а за првпат ова парламентарно мнозинство изгласа и потпретседател на Собранието од помалкубројните заедници и тоа Бошњак, а и во понатамошниот период Бошњаците ќе бидат соодветно застапени за разлика од времето кога вие бевте пратеник.Бошњаците со нивниот глас на 15 јули ви се заблагодарија за вашата грижа и јасно ви порачаа каде ви е местото на вас како политичар и на вашиот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ“, напиша Рамчиловиќ.

Поврзани вести

Николовски бара извинување или ќе го тужи „Курир“

Влатко Зорба

Спасовски: Верските заедници и верниците треба да бидат на ниво на одговорноста

Влатко Зорба

Ковачев: Во ЕУ нема да влезе држава која својата национална доктрина ја темелела на фалсификувана историја

Влатко Зорба

Заев од Чаир: Се додека Мицкоски е лажен патриот ќе губи

Влатко Зорба

Во Собранието ќе се одржат седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија

Масовните тестирања овозможуваат враќање во нормала, вели градоначалникот на Дебар