Политика

Ременски кон ВМРО-ДПМНЕ: Од одземените документи многу бргу ќе ве боли глава

„Читам, портпаролот на ДПМНЕ многу нервозен денес на прес конференција влегол во филм за некакви уцени со класифицирани информации поведен од “веста” од вчера и не знам по кој пат го спомнува Јовче Ременски. Да му порачам и нему и на сите заинтересирани дека, од тие “класифицирани” документи одземени од мене – Фросина Ременски многу бргу ќе ги боли глава“, сподели Фросина Ременски.

„И нека не се залажуваат дека, Ременски работат како нивните суфлери „безбедњаци“, на пазарења, помилувања, креирање инсинуации, прикаски, и воопшто не се занимаваат со партиски фрустрации на спикери и полтрони.

А прашањето од пресот дали на ОЈО и на МВР им е потребен дополнителен медиумски притисок, само покажува како знаеле и како знаат. Се надевам ќе има прес и медиумски притисок кога ќе дознаат за мистериозните документи“, додава таа.

Поврзани вести

ВМРО-ДПМНЕ : Три години владее вистински режим

Влатко Зорба

Се работи на 1.500 километри патна инфраструктура, вели Заев

Шилегов ја разгледува можноста да го тужи Коневски

Влатко Зорба

Велковски: Буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал

Влатко Зорба

Царовска во Крњево: Продолжуваме да инвестираме во младите

Шекеринска: Го заслужуваме и одработивме членството во НАТО

Влатко Зорба