Политика

Рот: Се надеваме првата Меѓувладина конференција со Скопје и Тирана да се одржи наесен

Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека неговата земја се надева оти првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија ќе се одржи оваа есен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Меѓувладината конференција го означува де факто отпочнувањето на преговорите за членство со Унијата и отворањето на првото поглавје.

Рот, кој денеска учествуваше на конференција на Европскиот политички центар, се осврна и на макотрпниот процес во ЕУ до позитивна одлука за почеток на преговорите со овие две земји.

– Многу бев незадоволен што некои угледни земји членки на ЕУ ја потценуваат улогата на западниот Балкан во мирот и стабилноста на Европа, наш заеднички интерес е да го стабилизираме западниот Балкан, рече германскиот министер за Европа, чија земја од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ од Хрватска.

На прашање на МИА дали има изгледи Северна Македонија да ги започне преговорите за време на германското претседавање со ЕУ, Рот одговори потврдно.

– Дадовме зелено светло за Северна Македонија и Албанија, беше многу тешко да ги убедиме нашите партнери во ЕУ, и се надевам дека официјално ќе можеме да ги започнеме преговорите со првите Меѓувладини конференции за време на германското претседателство, можеби наесен и конечно се надевам дека ќе бидеме поактивни во регионот, ова е од клучна важност, изјави министерот Рот.

Тој истакна дека западниот Балкан му е „при срце“ и потсети дека на регионот му е ветена ЕУ перспективата пред седумнаесет години.

– Ова е една од најдобрите алатки и ова мора да направиме да успее, мораме да ја зајакнеме видливоста на ЕУ на Западниот Балкан, рече Рот, потсетувајќи дека Унијата ќе даде 3,3 милијарди евра за регионот за справување со здравствената криза и нејзините социо-економски последици.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера најави дека преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија треба да бидат објавени „во наредните денови“. Според вицепремиерот Бујар Османи, тоа ќе се случи идната недела на „9 или 10 јуни“.

Објавувањето на овие рамки сега остава простор прашањето да се додаде на дневниот ред на министрите за европски прашања на ЕУ уште овој месец, но за сега ова не е потврдено.

Поврзани вести

МЗШВ реагира: Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија!

Средба Пендаровски – Анастасијадис во Израел

Stefanija Kuzmanovska

Локвенец: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со „ситно политиканство“ и да го поддржат Законот за одбрана

Шекеринска: Денешниов ден го чекавме речиси 30 години, нека ни е честито

Спасовски: Мерките што ги носиме се во насока на заштита на здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите

Влатко Зорба

Димитров: Хрватското ЕУ претседателство за нас беше суштествено во политичка смисла