Политика

СДСМ: Дел од вината за пропаѓањето на „Еуростандард“ има Горан Трајковски, кадарот од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓаните. Како што соопшти и Народната банка, стечајот на „Еуростандард банка” е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на „Еуростандард банка”, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката.

ВМРО-ДПМНЕ да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.

Имаме одговорни и стабилни институции кои соодветно спроведуваат постапки за заштита на правата и интересите на државата и на граѓаните“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Захариева: Никој никогаш не го оспорувал идентитетот на Македонија

Спасовски до Мисајловски: 11 години го оставивте Куманово без ниту еден денар

Николовски: Потребно е нормално функционирање на институциите, изборите по епидемијата

Донација од Бугарија за Северна Македонија: Лесно е да кажуваш браќа сме, ама браќа се познаваат кога ти е тешко

Влатко Зорба

Жерновски: Можно ли е во самата ДНК на ВМРО-ДПМНЕ да е потребата од злоупотреба на институциите за партиски цели?

СДСМ: Мицкоски мора да се соочи со кривична одговорност за серијата сериозни дела сторени на улица „Боемска“